top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кубанските боксери ќе можат на професионален ринг

Updated: Apr 12, 2022

11.04.2022 April Ponedelnik

За првпат по 60 години кога во Куба по револуцијата во 1962 година беше укинат професионалниот спорт, кубанските боксери можат слободно да поминат во професионалци.

– „Благородната вештина“ на оваа карипска земја ѝ подари дури 80 златни медали од светските првенства и 41 злато од Олимписките игри (ОИ). Работиме три и пол години на договор, кој одговара на филозофијата на нашиот спорт, а кој им овозможува на спортистите да преминат во професионалниот бокс. Во првата фаза ќе вклучиме екипа од пет-шест боксери што ќе заминат во Европа или во Латинска Америка, а потоа ќе се вратат во кубанската школа – вели претседателот на Боксерската федерација на Куба, Алберто Пуч.

Потпишан е и договор со мексиканската компанија „Златен прстен“, а првите мечеви се закажани за мај годинава. Од 2014 година боксот е на полупрофесионално ниво, а локалниот тим, кој е учесник во Светската боксерска верзија (ВБЦ), освои три титули во последните пет изданија.

– Учеството во професионалните лиги ќе го подобри нашето ниво, оти ќе се соочиме со најдобрите, што ќе ни овозможи да останеме во елитата – вели двократниот олимписки и петкратен светски шампион Жулио Сезар ла Круз.

Ова ги создаде сите услови конечно да се видат најдобрите кубански боксери на највисоко можно ниво. Едно од најголемите имиња, Теофило Стивенсон (освојувач на по три злата на ОИ и на СП), мораше да ја одбие борбата со легендарниот Мухамед Али, оти можеше да го загуби државјанството доколку ја напуштеше државата. Истото подоцна му се случи и на шесткратниот светски шампион во низа, Феликс Савон (носител на три злата од ОИ), кому му нудеа голема сума пари за да боксува со Мајк Тајсон.


1 view

Comments


bottom of page