Ксија Лиан Ни стана најстарата пингпонгарка која остварила победа на Олимписките игри фото и видео
30.07.2024 Juli Vtornik
Една од најстарните учесници на турнирот во пинг-понг на Олимписките игри во Париз, 61-годишната Ксија Лиан Ни, која настапува под знамето на Луксембург, своето учество на Игрите го започна со победа против Турчинката Сибел Алтинкаја со 4:2.
Мајка на две деца, родена во Шангај во 1963 година, двократна светска шампионка од 1983 година, а кинеското државјанство го променила во 1991 година, по што освои две европски титули за Луксембург (1998 и 2002 година). Сега по шести пат учествува на Олимписки игри.
– Моето срце е многу младо и тоа ме однесе до мојата прва победа во Париз. Што се однесува до самиот натпревар, направив некои грешки, но се надевам дека ќе ги елиминирам во остатокот од турнирот – изјави Ни, кој во неделата стана најстарата победничка во сингл меч во историјата на Олимписките игри.
Во второто коло ќе игра со 37 години помладата сонародничка Сун Џингша. Репрезентативката на Кина е првиот носител на олимпискиот турнир, а натпреварот е закажан за среда, 31 јули, од 11 часот.
Исто така, треба да се додаде дека Ксија Лиан Ни Ни го носеше знамето на Луксембург на свеченото отворање на Игрите во Париз.
Comments