top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Круната за Чарлс Трети го почна своето патување до големата церемонија

Круната на Св. Едвард е извадена од Лондонската кула за да се адаптира за кралот Чарлс Трети во пресрет на неговото крунисување, соопшти Бакингемската палата во саботата. Историскиот накит бил преместен за да може да се прилагоди пред церемонијата на крунисување. Преместувањето на бесценетата круна било чувано во тајност додека не било доставено до златарите. Се смета дека верзиите на круната на Св. Едвард се користат за крунисување на британските и англиските монарси уште од 13 век. Сегашната круна е направена за Чарлс Втори во 1661 година како замена за средновековната круна која била стопена во 1649 година. Оригиналната датира од 11 век, кога му припаѓала на кралскиот светец Едвард Исповедник, последниот англосаксонски крал на Англија. Оваа круна се појавува во Кралскиот грб на Обединетото Кралство, логото на Кралската пошта и на значките на вооружените сили. „Круната на Свети Едвард, историскиот центар на кралскиот накит, е извадена од лондонската кула за да се започне со подготовките за крунисувањето в сабота, на 6 мај 2023 година“, се вели во соопштението од Бакингемската палата. Крунисувањето ќе се одржи во Вестминстерската опатија, осум месеци по стапувањето на тронот на монархот и смртта на кралицата Елизабета Втора. Соопштението доаѓа откако британскиот весник „Дејли мирор“ објави дека, поради сè поголемите трошоци за живот во Британија, кралот планира поевтина церемонија во помал обем од церемонијата на крунисување на покојната кралица во 1953 година, која траеше околу три часа. Дел од Британците се бесни затоа што кралското семејство ќе го организира крунисувањето во време на криза и инфлација. „Убава круна, но јас седам во мојот стан во капут“, „Не е во ред, луѓето се смрзнуваат, а вие организирате крунисување“, „Не ми се верува што се случува, никогаш не сме биле во поголема криза, луѓето немаат парно, а вие го правите ова, вратете ги парите на народот“, пишуваат дел од Британците. Некои со нетрпение го очекуваат крунисувањето и веруваат дека новиот крал и кралица ќе внесат малку гламур и радост во тажното секојдневие на Британците.




1 view

Comentarios


bottom of page