Крос по последниот меч во кариерата: Сонот е уништен…
05.07.2024 juli Petok
Германија загуби од Шпанија во Штутгарт, пораз од 2-1 кој воедно значеше крај за домаќинот на ова 17. Европско фудбалско првенство.
Германците се обидуваа да дојдат до резултат кој ќе ги одведе во полуфиналето, но по голема борба која траеше 120 минути останаа пократки за еден гол, гол кој беше постигнат во 119 минута од страна на Мерино.
Ова воедно значеше и официјално збогум за Тони Крос, крај на блескавата кариера.
-Ова беше натпревар во кој дадовме се од себе. Останавме малку прекратко и затоа горчината е поголема.
-Имавме голема цел пред почетокот и тој сон е уништен до одреден степен во овој момент. Дури и ако сфатите дека сте одиграле добро првенство. Сепак, можеме да бидеме горди, драго ми е што можев барем малку да помогнам да се обидам да го вратам трофејот во Германија, -порача Тони.
Comments