Крос го анализираше колапсот во Париз и употреби „сочен“ збор за голот на Мбапе
они Крос беше главен виновник за поразот кој го претрпе Реал Мадрид во завршницата во Париз, бидејќи еден негов неточен пас ја започна акцијата по која Килијан Мбапе постигна фантастичен гол за 1:0.
Една седмица по натпреварот на „Паркот на принцовите“, Германецот се огласи за поразот во подкастот кој редовно го прави со својот брат Феликс, а во својата анализа, призна дека Реал бил комплетно надигран во Париз во најголем период од натпреварот.
– Може слободно да се каже дека бевме инфериорни и полош тим околу 75 или 80 минути во Париз. Игравме многу лошо при изнесувањето на топката и не можевме да ја задржиме топката подолго од пет секунди. Тешко е да играте во таква ситуација, трчавме по нив повеќе од што сакавме.
– Голот на Мбапе? Тоа беше вистинско срање, не поради тоа што тој го постигна, туку поради времето. Натпреварот не беше добар, но на резултатот 0:0 гледавме како на победа. Сепак, јас сум оптимист.
– Ова е резултат кој дава простор за пресврт, можеме да направиме пресврт, особено на домашен терен. Имаме огромна желба да дојде мечот и ќе дадеме се за да ја поправиме ситуацијата, – вели Крос.
Comments