Крос ги „поздрави“ премиерлигашите: За среќа има играчи кои размислуваат поинаку!
Англиските премиерлигаши ја преземаа контролата на трансфер пазарот и од година во година покажуваат се поголема моќ со парите, а најголеми трошачи станаа откако клубовите од оваа земја се изборија за рекордни финансиски инјекции од ТВ правата, нешто што не е случај во останатите четири најсилни лиги во Европа. Колку и да звучи неверојатно, во последните неколку години стана тренд играчи на Валенсија и Севилја да завршуваат во клубови како Вулверхемптон и Астон Вила и тоа е најдобар доказ за голема разлика во финансии која е актуелна во Премиер лигата и Ла Лига, но сепак тоа не секогаш е гаранција за успех. Говорејќи на оваа тема, Тони Крос како актуелен шпански и европски шампион не пропушти да ги поздрави премиерлигашите, бидејќи Реал на патот до титулата ги победи Челси, Сити и Ливерпул и покажа дека парите не се гаранција за најважниот трофеј. – Супериорност на Премиер лигата? Може да е тоа само во парите, да ве потсетам дека ниту еден премиерлигашки клуб не освои ниту една интернационална титулата оваа година. – Парите од ТВ правата се највисоки во Англија веќе со години, но тоа не направи сите титули да одат во Англија. За среќа и фала му на Господ што има играчи кој не гледаат само на парите, мислат и на тоа да освојат некоја титула и да растат како играчи на поинаков начин, – вели Тони Крос во подкастот на маркетинг агенцијата „ОМР“.
Comments