Кркиќ за најдобриот соиграч во кариерата: Меси е посебен, но тој беше магичен
Бојан Кркиќ неодамна ја заврши кариерата, а во неа имаше можност да настапува и за Барселона и тоа во период кога за овој тим настапуваа навистина големи фудбалски ѕвезди.
Кркиќ им беше соиграч на Лионел Меси и Роналдињо, па токму овие двајца играчи биле издвоени во гостувањето во „Токспорт“.
Поранешниот напаѓач имал интересен одговор на прашањето кој бил најдобар фудбалер со кој настапувал.
– Им се воодушевував на сите, Роналдињо е најдобар фудбалер кого го гледав како навивач и со кого подоцна играв заедно. Веројатно беше најспецифичен од сите мои соиграчи.
– Не сакам да споредувам, факт е дека Меси е неверојатен, се уште освојува трофеи, но Роналдињо беше нешто посебно, беше магичен.
– Веројатно е Меси најдобар на сите времиња бидејќи игра на врвно ниво 20 години, додека Роналдињо беше на тоа ниво само 2-3 сезони, – рекол Кркиќ.
Comments