top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Критичарите и фановите го поздравија документарецот за Бритни Спирс

09.02.2021 februari vtornik Критичарите и фановите го поздравија новиот документарен филм Framing Britney Spears, кој се емитуваше во САД. Во продукција на „Њујорк тајмс“, филмот го бележи патот кон славата на поп-ѕвездата и контроверзите околу нејзината благосостојба. Таткото на Бритни, Џејми Спирс, е нејзин траен старател, односно конзерватор веќе 12 години, поради загриженост за нејзиното ментално здравје. Конзерватор е термин што се користи во САД за ваков вид трајно старателство. „Документарецот додава на критичкиот разговор што го водиме за жените, агенцијата и траумата“, напиша Патриша Грисафи од Ен-би-си. Во ноември Бритни ја загуби судската битка да ја отстрани контролата на татко ѝ над својот имот. Таа се залагаше за укинување на трајното старателство – целосна котрола врз нејзиниот живот – по нејзиниот нервен слом во 2007 година. Бритни Спирс бараше нејзиниот татко да биде заменет како личност која ги контролира нејзините деловни и лични работи, што е голема промена по 12-годишното старателство определено од судот. Правната битка се водеше во позадината на движењето #FreeBritney, предводено од фанови кои веруваат дека Бритни е контролирана против нејзината волја.




1 view

Comments


bottom of page