Критичарите го избраа најдобриот гитарист на сите времиња – Џими Хендрикс
Музичкото списание „Ролингстоун“ во последно време е попознато не по интервјуата, насловните страници или дури и рецензиите на албуми, туку пред сѐ по познатите листи на кои рангира уметници, песни, албуми или филмови. Овие денови тие штотуку излегоа со својот избор за 250-те најдобри гитаристи на сите времиња, но гледајќи ги не само рокерите, туку и уметниците во жанрови како фолк, блуз, кантри, диско, реге и многу повеќе.
Секако, Џими Хендрикс без многу размислување беше прогласен за најдобар гитарист на сите времиња. Во образложението тие навеле дека „тој бил одличен шоумен, кој свирел со забите или зад грб“, додавајќи дека „под сите театралности беше вистински мајстор на инструментот“.
„Ролингстоун“ истакнува дека иако неговата професионална кариера траеше помалку од една деценија, всушност осум години, неговото влијание не може да се измери. Луѓето кои учат да свират на инструмент или кои сакаат да ги подобрат своите вештини сè уште го гледаат и слушаат Хендрикс за инспирација и водство до ден-денес.
Текстот понатаму вели дека не само што Хендрикс бил одличен во она што го правел, тој бил и вистински креативен гениј и иноватор. „Тој измисли сопствена фузија на блуз и психоделија и влијаеше на развојот на рок, метал, фанк и многу повеќе“, објаснува „Ролингстоун“.
На второ место е Чак Бери, на трето е Џими Пејџ од „Лед Цепелин“, на четврто е Еди Ван Хален и петти Џеф Бек. Најдобро рангираната жена на листата, Систер Розета Тарп, се најде на шестото место, додека интересно, Џони Мичел со својата акустична гитара се најде на деветтото место. На седмото место е магот за диско и фанк звук Најл Роџерс, осми е блузерот Б.Б. Кинг, додека првите десет ги затвора еден од браќата Алман, Двејн.
Ако се прашувате каде се Сантана, Кит Ричардс, Томи Јоми, Принс или Стиви Реј Вон, тука се, помеѓу 10 и 20.
Се разбира, списоците како оваа се прават за понекогаш малку да ги испровоцираат луѓето и да ги водат кон дијалог, па многумина ќе бидат погодени од сознанието дека го нема Ерик Клептон во топ 20, или Брајан Меј, па дури и дека нема Слеш во Топ 100.
Како што рече „Ролингстоун“: „При составувањето на листата, ние тежнеевме да ја цениме тежината повеќе од вкусот, чувството над угласеноста, инвентивноста над префинетоста, ризиците и оригиналите пред техничарите“. Имавме тенденција да ги фаворизираме уметниците кои ги канализираа сите нивни дарови од Бога во одлични песни и албуми што ја менуваат играта, а не само во импресивно свирење“.
Comments