Кристијано излезе со свое резиме на Инстаграм по големото разочарување на Европското првенство (Фото
28.06.2021 Juni Ponedelnik
Кристијано Роналдо беше максимално фрустриран по елиминацијата во осминафиналето и во моменти на невроза ја шутна капитенската лента, но откако ги избегна сите новинари (вклучувајќи ги и португалските) по крајот на натпреварот со Белгија, сега реши да се обрати до цела нација на социјалните мрежи.
Капотенот на Португалците вели дека е горд на своите соиграчи поради тоа што оставија се на теренот, па иако жали за раната елиминација и тоа што нема да може да ја одбранат европската титула, смета дека овој тим се уште не го кажал последниот збор.
– Не го остваривме резултатот што го посакувавме и го напуштаме турнирот порано од очекуваното. Но, горд сум на нашиот пат, дадовме се од себе во обидот да ја одбраниме титулата. Оваа група докажа дека сепак може да им донесе голема радост на Португалците.
– Нашите навивачи беа неуморни во поддршката од почетокот до самиот крај. Трчавме и се боревме за нив, сакавме да ја оправдаме довербата што тие ја имаа во нас. Не стигнавме до онаму кадешто сакавме, но тука е нашето искрено и длабоко Благодарам.
– Честитки за Белгија и им посакувам среќа на сите тимови кои остануваат во игра. Што се однесува до нас, ќе се вратиме послни. Напред Португалија, – порача Роналдо.
Komentarai