Кристијано веќе разговарал со Гвардиола, постои само една пречка за реализација на „бомбата“!
26.08.2021 Avgust Cetvrtok
Кристијано Роналдо стана топ тема во светската спортска јавност од рано утрово, откако уште вчера синоќа неговиот агент Жорге Мендеш пристигна во Торино со цел да изврши притисок врз Јувентус за реализација на трансфер на неговиот клиент. Едно е јасно, Роналдо по секоја цена сака да си замине од италијанскиот клуб и Мендеш ова попладне им го соопшти тоа на претставниците на Јувентус, па по ексклузивата која пристигна од Италија, се погласни се гласините и од неговата родна Португалија, па дури и од Шпанија. Познатиот португалски новинар Гонзало Лопес тврди дека Кристијано Роналдо постигнал договор со Сити за двегодишна соработка за плата од 15 милиони евра по сезона, а големата ѕвезда веќе стапила во контакт со Пеп Гвардиола кој со нетрпение чека да го види расниот голгетер во својот тим. Како единствена пречка во овој момент се покажува Јувентус, информација која ја потврди и угледниот шпански весник „АС“ кој тврди дека „старата дама“ е подготвена да му ја исполни желбата на својот најскап фудбалер, но само под еден услов. Манчестер Сити се обидува да вклучи фудбалери за реализација на зделката, но како што стојат работите, англискиот шампион најверојатно ќе мора да плати барем 25 милиони евра за да го добие Роналдо, бидејќи Јувентус цврсто стои на ставот дека сака перманентен трансфер со финансиска отштета.
Comentarios