top of page

Кристијан Ромеро пред трансфер во милански Интер

01.08.2026 Avgust Sabota

Аргентинскиот фудбалер и член на Тотенхем, Кристијан Ромеро наскоро би можел да го облече дресот на Интер, актуелниот италијански шампион.

Според „Спортиталија“, миланскиот клуб постигнал значителен напредок во преговорите со асот на Тотенхем, како во однос на личните услови на играчот, така и со неговиот агент.

Лондонскиот тим е подготвен да го продаде аргентинскиот дефанзивец за 40 милиони евра.

Со месеци е јасно дека централниот бек сака промена на средината, а се чини дека и Тотенхем го поддржува неговото заминување.

Барселона исто така ја следи ситуацијата, но бидејќи сè уште не презеле конкретни чекори, Интер се појави како јасен фаворит за доведување на Ромеро.


 
 
 

Comments


bottom of page