Кристијан Бејл: Секоја главна улога во Холивуд прво му се нуди на Ди Каприо
- Aleksandar Santovski
- Oct 11, 2022
- 1 min read
Познатиот актер Кристијан Бејл тврди дека неговиот колега Леонардо ди Каприо ја добива првата понуда за секоја главна машка улога во Холивуд. Бејл тврди дека и покрај сите негови импресивни улоги во филмовите, Леонардо е „најзаслужен“ токму затоа што ги одбил.
– До денес, секоја улога што некој ја добива, се случува само затоа што Ди Каприо прв ја одбил – изјави Бејл во интервју за списанието „Џи-кју“.
Актерот додаде дека сите актери на слична возраст како Леонардо му ја должат својата кариера.
– Претпоставувам дека речиси сите на слична возраст како него во Холивуд ја должат својата кариера на фактот што тој ги одбил проектите во кои потоа учествувале. Не е важно што некој ќе ти каже. Не е важно колку си добар со режисерите. Сите тие луѓе со кои сум работел многупати, сите прво му ја понудиле улогата. Еден всушност и ми го кажа тоа. Затоа, ти благодарам Лео, бидејќи буквално, тој може да избере сè што прави. И добро за него затоа што е феноменален – вели актерот.

Comments