Кристина Агилера изрази поддршка за Бритни Спирс
Кристина Агилера изрази поддршка за Бритни Спирс во битката за укинување на трајното старателство на нејзиниот татко, кој има целосна контрола врз нејзиниот живот. 40-годишната пејачка, која глумеше заедно со Бритни во Дизниевото варајати -шоу „Клубот Мики Маус“ (The Mickey Mouse Club) во 90-тите години, верува дека Бритни заслужува целосна слобода да го живее својот најсреќен живот. Коментарот на Агилера доаѓа откако Спирс минатата недела зборуваше пред судот и трајното старатеството на татко ѝго нарече насилно. Во низа твитови Кристина напиша: „Изминативе неколку дена размислував за Бритни и за сè низ што поминува. Неприфатливо е на која било жена која сака да има контрола над сопствената судбина да не ѝ е дозволено да живее живот каков што сака.“ „Да бидете замолчувани, игнорирани, малтретирани или да ви биде ускратена поддршката од оние блиски до вас е најпоразителното и понижувачко нешто што може да се замисли. Не треба да се потцени емоционалната штета што ваквата состојба може да ја нанесе врз човековиот дух.“ „Секоја жена мора да има право на свое тело, свој репродуктивен систем, своја приватност, свој простор, свое заздравување и своја среќа.“
コメント