Кристин Дејвис смета дека новото поглавје на „Сексот и градот“ го одразува модерниот свет
Кристин Дејвис смета дека новата сезона на хит-серијата „Сексот и градот“ му се обраќа на современиот свет. 56-годишната актерка ја повтори улогата на Шарлот Голденблат во мини серијата со наслов „И едноставно така …“ и открива дека ова поглавје ќе биде многу поинакво од оригиналот. Во интервју за „Ентертејнмент тунајт“ таа објасни: „Нашата цел беше ова да биде следното поглавје. Тоа е нашата единствена причина да имаме поинаков наслов“. Кристин, која повторно се соедини со Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон за новата серија, инсистира на тоа дека ова поглавје го одразува современиот свет. „Не сакавме луѓето да ги имаат истите очекувања кога очигледно е друго време, тоа е поинаква серија што зборува за сегашноста. Затоа и се вика ‘И едноставно така’“.
Comentarios