top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Крис Рок ќе режира биографски филм за Мартин Лутер Кинг Јуниор

Крис Рок ја презема режисерската палка на претстојниот биографски филм за животот на Мартин Лутер Кинг Јуниор. 58-годишниот комичар и актер е во завршни преговори да раководи и да го продуцира филмот за прославениот борец за граѓански права, а во кој е вклучен и Стивен Спилберг како извршен продуцент. „Јуниверзал пикчрс“ стои зад филмот по добивањето на правата на наградуваната биографија King: A Life („Кинг: живот“) на Џонатан Ајг. Книгата – опишана како конечна биографија на лидерот на каузата за граѓански права во САД – користи нови информации на ФБИ и стотици интервјуа за да го прикаже Кинг како „храбар, но емоционално проблематичен поединец, кој повикува на мирен протест додека се бори со сопствените слабости и со владата што го прогонува“. Моментно е во рана фаза на развој и вестите за кастингот допрва треба да бидат објавени. Рајан Џонс од „Јуниверзал“ ќе ја надгледува продукцијата на ненасловениот филм во име на студиото, а проектот е продуциран од „Емблин партнерс“ на Спилберг. Мартин Лутер Кинг Јуниор, кој го симболизира движењето за граѓански права во САД и е добитник на Нобеловата награда за мир (1964), беше убиен на 4 април 1968 година.



2 views

Comments


bottom of page