Крис Рок одбил интервју кај Опра Винфри
ЗАБАВАКрис Рок одбил интервју кај Опра ВинфриОбјавено пред 7 часа - 2 септември, 2022Од Макфакс
Крис Рок тврди дека одбил интервју кај славната водителка Опра Винфри.
Комичарот доби шлаканица од Вил Смит на „Оскарите“ кога кажа шега за сопругата на Вил, а шест месеци подоцна, среде настап во стендап-комедија во Феникс, Аризона, тој рекол дека нема намера јавно да се жали за инцидентот.
Човек од публиката изјави за „Ентертејнмент тунајт“: „Во текот на вечерта тој рече дека ја одбил понудата да оди кај Опра за интервју, па дури и реклама за ‘Супербоул’ со самиот Вил Смит.
„Нема да ме видите на ниту едно интервју како цимолам за ова. Јас нема да бидам жртва“, рекол Крис, како што пренесува изворот и додава дека сите се прашувале дали ќе зборува за тој инцидент или не
Повеќе луѓе од публиката го цитираа комичарот дека од него било побарано да биде домаќин на „Оскарите“ следната година, но ја отфрлил понудата.
Тој наводно истакнал дека му била понудена шанса да направи реклама за „Супербоул“, која тој исто така ја одбил.
Оскаровската шлаканица се случи во март во текот на свечената церемонија на доделување на најпрестижните филмски награди. Вил Смит се качи на сцената и го удри Крис еден час пред да ја земе статуетката за најдобар актер за улогата во „Кралот Ричард“.
Comments