top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Крис Прат и Брајс Далас Хауард „украле“ бакнежи во текот на снимањето на новиот филм

Главните протагонисти во „Светот Јура: Доминион“, Крис Прат и Брајс Далас Хауард, беа понесени во романсата на ликовите од филмот. Добивај вести на вибер Крис и Брајс додадоа малку зачин во динамиката на ликовите со бакнеж, без сценарио во претстојниот Jurassic World: Dominion, кој ќе излезе на 8 јуни. Во интервју за „Ентертејнмент тунајт“, Брајс Далас Хауард откри дека таа и Крис „украле“ неколку дополнителни бакнежи додека го снимале новиот филм. „Во сценариото на ‘Доминион“ имаше само еден бакнеж. Последните два ги украдовме подмолно… затоа што е во ред да има малку романса во филм за Јура!“ „Едноставно, многу сме компатибилни“, се пошегува таа за хемијата со Крис. Двајцата ги репризираат улогите на Клер Диринг и Овен Грејди во претстојното продолжение, во кое се враќаат оригиналните ѕвезди од „Паркот Јура“, Сем Нил, Лора Дерн и Џеф Голдблум, речиси 30 години по оригиналниот филм.




1 view

Comments


bottom of page