Крис Нот со сопругата прпат по наводите за сексуален напад
27.01.2022 Januari Cetvrtok
Крис Нот беше фотографиран со неговата сопруга Тара во Јужна Калифорнија во вторникот попладне за првпат откако четири жени го обвинија за недолично однесување и сексуален напад. Актерот беше на средба со своето семејство – сопругата Тара, со која е во брак речиси 10 години, и двата сина, Орион (14) и едногодишниот Китс. Медиумите веднаш забележаа дека Крис (67) го носи својот венчален прстен, а Тара (39) е без нејзиниот. Таа се обидува да продолжи да изгледа нормално по скандалот што моментално го мачи нејзиниот сопруг. Средбата доаѓа по скандалот со ‘Мистер Биг’, што го поттикна креативниот тим зад новата сезона на „Сексот и градот“ да го избрише неговото камео појавување во завршната епизода. Нот остана во голема мера надвор од очите на јавноста по сторијата на „Холивуд репортер“, кој објави сведоштва на две жени под псевдоними Зои (сега 40) и Лили (сега 31). Неговата сопруга се отсели од семејниот дом пред Божиќ.
Comentarios