top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Крис Нот ги негира наводите за сексуален напад

17.12.2021 Dekemvri Petok

Две жени го обвинуваат Крис Нот, ѕвездата од „Сексот и градот“, за сексуален напад, а едната тврди дека ја силувал. Таа тврди дека „мистер Биг“ ja нападнал и ја силувал во 2004 година и дека, наводно, морала да оди во болница на шиење по она што го доживеала на 22 години. Обвинувањата беа изнесени за порталот „Холивуд репортер“, за што сведочеа двете жени кои не се познаваат. И двете жени, потпишани под псевдоними, едната како Зои (40), другата како Лили (31), тврдат дека Нот имал секс со нив пред огледало, а првиот напад, наводно, се случил во 2004 година. Второто силување, според нивното сведочење, се случило во 2015 година, три години откако актерот се ожени. Крис Нот негираше сè. Во изјавата што ја достави тој тврди дека никогаш не силувал никого и дека се работи за сексуален однос кој се случил со согласност. „Обвинувањата што ми ги упатуваат лица со кои сум се сретнал пред повеќе години, дури и пред една деценија, се невистинити“, тврди тој категорично. „Дури и да се случило пред 30 години или пред 30 дена, ‘не’ секогаш значи ‘не’, и тоа е линија што никогаш не би ја преминал. Односите што ги имавме беа консензуални“, вели актерот.



3 views

Comments


bottom of page