Search
Крис Мартин ја продаде хациендата во Малибу
Крис Мартин ја продаде својата вила во Малибу за 14,4 милиони долари. Фронтменот на „Колдплеј“(44) го купи луксузниот имот – кој го делеше со Дакота Џонсон – за 12,5 милиони долари во октомври 2020 година, а сега го продаде за него профит од речиси 2 милиони долари. Импресивната хациенда располага со базен, хидромасажна када и домашно кино, како и двокатна куќа за гости со просторија за игри, дневна соба и кујна. Имотот, односно куќата може да се пофали со шест спални соби и девет бањи, а се протега на површина од 5,338 квадратни метри. Крис, кој беше во брак со актерката Гвинет Палтроу од 2003 до 2016 година, одлучи да купи друг имот неколку блокови подалеку бидејќи му нуди поголема приватност, според Dirt.
Comentários