Креаторот на „Сквид гејм“ навестува голем пресврт во продолжението
Креаторот на јужнокорејската драмска серија „Сквид гејм“, Хванг Донг Хјунк, навести дека во втората сезона ќе има пресврт. Сценаристот и режисерот на огромниот хит на „Нетфликс“ што го гледаа преку 142 милиони домаќинства изјави дека не е вистински момент да дискутира за втората сезона, но сепак даде кус увид во која насока би можел да ја движи диксописката драма. 50-годишниот сценарист или т.н. шоуранер, преку преведувач, учествуваше на виртуелен САГ-панел, чиј домаќин беше главната уредничка на „Ентертејнмент викли“ Мери Маргарет. „Не сум баш на вистинско место за да дискутирам за сезона 2 , но ако има продолжение, ќе видиме што ќе се случува со Ги-хун, лик чија хуманост беше прикажана или изложена во одредени ситуации во серијата. Со други зборови, неговата хуманост се покажуваше на многу пасивен начин. Но, во продолжението, сето она што го научи од игрите и искуството во првата сезона, ќе биде искористено многу поактивно“.
Commentaires