top of page

„Крв да ни се стори“, нова песна на Бранислав Николов, Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев

Ново музичко остварување „Крв да ни се стори“ креирано во соработка на Бранислав Николов („Фолтин“), Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев вечерва е објавено на Јутјуб. Музиката и текстот се на Бранислав Николов, додека аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев, а во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев и продуцентот Ивица Јанкуловски. – „Крв да ни се стори“ е танц на две опиени птички од првото срамежливо раскрилување на топлото есенско сонце, до последниот пердушест пад во безумното вечерно винце – напиша Бранислав Николов на Фејсбук.




 
 
 

Comments


bottom of page