top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Крај на уште една приказна: Дортмунд се раздели и со Хумелс

14.06.2024 juni Petok

Големи промени се случуваат во Борусија Дортмунд во изминатиов период, промени кои започнаа со заминувањето на Марко Ројс, вчера пак беше официјализирана разделбата со тренерот Един Терзиќ за да денеска биде потврдено дека од клубот си заминува и Матс Хумелс.

Дефанзивецот вкупно 13 години беше дел од Дортмунд и тоа во два различни мандати, но клубот одлучи дека неговите услуги не му се повеќе потребни и тој по крајот на овој месец е слободен играч.

-Навивачи на Борусија Дортмунд, моето време во црно-жолтите заврши по вкупно 13 години. За мене беше огромна чест и радост да играм за БВБ толку долго и да бидам речиси секогаш присутен на патувањето од 13-то место на табелата во јануари 2008 година до она што денес го претставува Борусија Дортмунд.

-Овој клуб и неговите навивачи се посебни – и за мене тие се многу повеќе од тоа. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал во БВБ кој заврши извонредна работа за овој клуб, плус секако безбројните фантастични тренери и соиграчи со кои работев и играв. Се надевам дека ќе ве видам сите повторно како славите што е можно поскоро. Дотогаш, од далеку ќе навивам за овој клуб – се надевам често и на стадионот. „Сите ќе ми недостасувате сите“, порача Матс.

Матс како играч на „милионерите“ се радуваше на две титули во Бундеслигата, две го Купот, една во Супер Купот, но имаше и две болни епизоди, порази во две финалиња на ЛШ во 2013 и 2024 година.


1 view

Comments


bottom of page