top of page

Крај на серијата на Антонели, Хамилтон ја забележа првата победа со Ферари (ВИДЕО)

15.06.2026 juni ponedelnik

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон е победник на седмата трка во овогодинешниот Ф1 шампионат, трка за Големата награда на Барселона и Каталонија.

Хамилтон долго време чекаше за овој резултат во „дресот“ на Ферари, но успеа токму денеска да го прослави првиот триумф со тимот од Маранело.

Луис немаше победа во Ф1 шампионатот од 2024 година од трката за Белгија, многу работи од тогаш се променија, меѓутоа Британецот уште еднаш потврди дека е еден од наголемите возачи во историјата на овој спорт и попладнево се избори за седми триумф на оваа стаза, вкупно 106 во кариерата.Место на пиедесталот имаше за Џорџ Расел на Мерцедес кој стартуваше од пол-позицијата и Ландо Норис на Мекларен.

Актуелниот лидер во генералниот пласман Кими Антонели не ја заврши денешната трка и со тоа беше прекината неговата извонредна серија (пет победи).


 
 
 

Comments


bottom of page