top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Крај на приказната: Вилшир заминува во фудбалска пензија (ВИДЕО)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џек Вилшир одлучи да и стави крај на својата активна фудбалска кариера.

Иако има само 30 години Џек се реши да се повлече од професионалниот фудбал по сите проблеми со кои се соочи во изминативе сезони. Тој веќе неколку години е во голем пад, тешко пронаоѓаше и ангажман со тоа пто последниот го имаше во Архус од Данска.

-Објавувам дека се повлекувам од професионалниот фудбал. Ова беше неверојатно патување исполнето со многу прекрасни моменти. Се чувствувам привилегиран што имав можност да го доживеам сето ова во текот на мојата кариера. Од мало момче кое шутира топка во дворот, до капитенската лента на мојот сакан Арсенал и играњето за својата земја на Светското првенство. Го живеев мојот сон-, вели меѓу другото Вилшер во подолгата порака.


2 views

Comments


bottom of page