Search
Крај на една ера: Салах го напушта Ливерпул по оваа сезона (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Mar 24
- 1 min read
24.03.2026 Mart Vtornik
Крај на една ера! Ова дефинитивно е првиот заклучок по најновата вест која дојде од Англија и е поврзана со Мохамед Салах и Ливерпул.
Имено актуелниот англиски шампион објави дека Салах ќе го напушти „Енфилд Роуд“ по крајот на тековнава сезона. Мо од 2017 година го носи дресот на „црвените“, тим со кој испиша историја, собори рекорди, стекна статус на легенда, но секоја приказна има почеток и крај, а таква е и оваа на напаѓачот од Египет.
Салах досега има постигнато 255 гола на 435 натпревари и притоа беше значен дел во освојувањето на две титули во Премиер лигата, ЛШ, Светското клупско првенство, Супер Купот на УЕФА, ФА Куп и два англиски Лига Купови.






Comments