Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ ја освои 7. награда на фестивалот Chicago Shorts
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју продукција“ е награден со уште една награда на фестивалот за краткометражни филмови Chicago Shorts, во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.
Инаку, ова е 7. награда за филмот „Шеќерни луѓе“. Претходно филмот ги освои наградите за најдобра актерка за Сара Климоска на Kiez Berlin Film Festival во Германија, на Reale Film Festival во Италија, и на Art Film Spirit Awards во соработка со Toronto Film magazine каде наградата за најдобар актер беше доделена и на актерот Филип Трајковиќ. Филмот досега ги има освоено и наградите за најдобра оригинална музика (композитор Дуке Бојаџиев) на CineParis Film Festival во Франција и за најдобар постер (дизјанер Коста Лазаревски) на Toronto Women Film Festival во Канада.
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју продукција“, исто така е во селекција на 20 меѓународни фестивали во САД, Канада, Франција, Шпанија, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.
Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.
Comentarios