Крастев: Не треба да се плашиме од земји како Македонија!
Пред нас е новото издание на Лигата на нации во кое првиот предизвик ќе го имаме на гостински терен и тоа во нашето соседство каде во Разград ќе се соочиме со Бугарија.
Таа средба се игра на 2 јуни од 18 часот, а во пресрет на истата дојде провокација од источниот сосед и тоа од членот на Левски, Филип Крастев. Крастев ја потценува нашата селекција како Бугарија да е некој гигант во светот на фудбалот, па порачува дека тие како група не треба воопшто да стравуваа од репрезентации како што е нашата и Грузија.
-Мислам дека ќе имаме сила на претстојните репрезентативни натпревари. Ние не сме тим што треба да се плаши од селекциите на такви земји (Македонија-Грузија). Во последните години ни е тешко и не успеваме да победиме, но сега се надевам дека оваа работа ќе се смени и ќе ја вратиме славата на Бугарија која ја заслужуваме, -порача Kрастев кој има 20 години.
Comments