Кралскиот воз не е толку гламурозен како порано
12.10.2020 Декември Четврток
Овој викенд војводата и војвотката од Кембриџ почнаа специјална турнеја на благодарност низ Велика Британија во чии рамки се запознаа со клучни личности, работници и волонтери од повеќе индустрии, кои придонесоа во справувањето со последиците од пандемијата и напорите за спречување на ширењето на Ковид-19.
Некои британски медиуми го коментираа нивниот начин на транспорт – кралскиот воз. Со 10 застанувања низ Англија, Шкотска и Велс за три дена, ова е дефинитивно најеколошкиот начин на патување, но кралскиот воз веќе не е толку гламурозен како некогаш.
Додека војводата и војвотката од Кембриџ беа на турнеја низ Велика Британија, таблоидите се сеќаваат како изгледал кралскиот воз во минатото во ерата на гламурозните патувања. Во времето на кралицата Викторија, кралот Едвард Седми и кралот Џорџ Петти во локомотивата имало вагони за пушење, елегантни вагони за јадење, двокреветни спални со кревети со свилени постелнини, но денес е со поминимален луксуз.
Последен пат кога Меган Маркл, војвотката од Сасекс, се возеше во овој воз беше во 2018 година кога ѝ се придружи на кралицата во нивниот прв заеднички ангажман. Принцот Хари, војводата од Сасекс, патувал со возот неколкупати кога го посетувал семејството во Балморал.
Направен е во ерата на парни локомотиви и кралицата Викторија беше редовен корисник, со често преуредување за да одговара на нејзиниот вкус. За нејзиниот дијамантски јубилеј во 1897 година таа доби нови шест вагони. Нејзиниот најстар син, принцот од Велс, и неговата сопруга, принцезата од Велс, исто така добија свои вагони. Во 1901 година вагонот на кралицата Викторија беше пренесен во Виндзор, каде што беше погребана.
Comments