Search
Кралската кула во Мека е трета највисока градба на светот
- Aleksandar Santovski
- Jul 13, 2022
- 1 min read
Кралската кула со часовник, отворена во 2011 година во Мека, Саудиска Арабија, е трета највисока градба на светот. Зградата, која има 120 ката, се наоѓа во кругот на Каба, централното исламско светилиште. Времето на часовникот може да се види од неколку километри оддалеченост, во секој момент на денот и на ноќта.
Во кулата, која е висока 601 метар, се наоѓа и хотел со пет ѕвездички, каде што се сместуваат голем број аџии, кои патуваат до светиот град Мека заради извршување аџилак, еден од петте основни столбови на исламот. Во градбата се наоѓаат и музеј и трговски центар.

Comments