top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кралската драма, суперхероите и бебето Јода водат во трката за „Еми“

The Crown („Круната“) и The Mandalorian („Мандалоријанецот“) водат по бројот на номинаци за наградите „Еми“ во разновидно поле, преполно со новодојденци и ТВ-емисии што го одразуваат напливот на стримингот во текот на пандемијата. „ХБО“ и неговата нова стриминг-платформа „ХБО макс“ ги предводеа сите мрежи со 130 номинации, веднаш по него е „Нетфликс инк.“ со 129. Стриминг- услугата „Епл ТВ плус“ доби 35 номинации, најмногу од нејзиното формирање, повеќето од нив за комедијата „Тед Ласо“. Најсериозни кандидати за најдобра драмска серија се „Круната“ на Нетфликс за сезоната која се фокусира на раните години на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дијана. Серијата доби 24 номинации. „Круната“ има 24 номинации, вклучително девет за актерите Џош О’Конор и нововлезената Ема Корин како кралски младенци, и Оливија Колман како средовечна кралица Елизабета. Еми-наградите ќе бидат доделени на церемонијата во Лос Анџелес на 19 септември, чиј домаќин е актерот Седрик Забавувачот (Cedric The Entertainer). Доделени од Телевизиската академија со седиште во Лос Анџелес, наградите „Еми“ се сметаат за највисоки ТВ-почести во светот. „Мандароријанот“, серија на „Дизни плус“ во која се појавува саканиот лик бебето Јода, е главен ривал на „Круната“ со 24 номинации, за најдобра драмска серија и други за сценарио и специјални ефекти.




1 view

Comments


bottom of page