top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кралот Чарлс првпат во животот седна на ручек, создадена историска фотографија

09.10.2024 Oktomvri Sreda

Кралот Чарлс воведе нова рутина во своето секојдневие, како што открива „Дејли мејл“, британскиот монарх првпат во животот почнал да одвојува време за ручек откако целиот свој живот го прескокнувал средниот оброк, наводно сметајќи го за луксуз. На интернет се шират фотографии од неговиот наводно прв ручек, а Британците одат чекор понатаму тврдејќи дека тоа е историски момент.

Кралот Чарлс исто така тврдеше дека нема доволно време во својот напорен распоред за да си дозволи време за ручек.

По наредба на неговата сопруга, како и на советник и лекар, тој неволно почнал да јаде среде бел ден за да има доволно енергија. Кралот Чарлс, кој закрепнува од рак, инсистира дека за ручек ја има најздравата, но и најмодерна ужина што постои.

„Тој ја прифати препораката да јаде нешто за време на ручекот – всушност закуска. Јаде половина авокадо за да му даде сила. Ова е многу важно, особено ако сте болни“, рекол изворот за „Дејли мејл“.

Познато е дека кралот Чарлс се храни здраво, дека инсистира на органски произведена храна, а особено сака јајца. Тој пред три години за Би-би-си изјави дека два дена во неделата избегнува месо и риба, а во тие денови избегнува и млечни производи.

Том Паркер Боулс, критичар на храна, откри дека кралот има штедлив пристап кон подготовката на оброците.

„Сè се рециклира. Ако нешто остане, ќе се направи нешто друго или ќе се појави на менито следниот ден. Ништо не се фрла“, откри тој.

Во најновата книга за историјата на храната во кралското семејство тој открива дека мајка му, кралицата Камила, јаде каша секој ден, ручекот ѝ е лесен – пилешка супа или чаден лосос, а Чарлс за појадок јаде суво овошје и мед, а претпочита ручек попладне.

„Забавите со чај отсекогаш биле спектакл за нив. Сите се собираат, а на масата нема само колачи и слатки, туку и сендвичи. Можеби ќе добиете дури и поширани јајца“, откри Паркер Боулс.


0 views

댓글


bottom of page