Кралот Чарлс и Камила прославија годишнина од брак
09.4.2024 April Vtornik
Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила денеска ја слават 19-годишнината од бракот, а нивната врска трае од 70-тите години на минатиот век, пренесува „Скај њуз“.
Се верува дека тогаш принцот Чарлс и ќерката на воениот офицер Камила Шанд се сретнале првпат на поло-натпревар во Лондон во 1970 година, а набргу потоа почнале врска, која траела додека Чарлс не заминал да служи во морнарицата.
Камила се омажи за својот прв сопруг, капетанот на британската армија, Ендрју Паркер Боулс, а Чарлс дипломирал на Универзитетот „Кембриџ“.
Според медиумот, се сметало дека Камила не е соодветна за престолонаследник бидејќи имала минато, односно љубовни врски пред да го запознае Чарлс.
Чарлс почна да се забавува со леди Дијана Спенсер, која подоцна изјави дека Камила, и покрај тоа што е мажена за својот прв сопруг, била третата личност во бракот на кралската двојка.
За ова има и звучна снимка од аферата „Тампонгејт“, која е снимена шест години пред разводот на Камила и Паркер Боулс, а на која се слуша како Чарлс и Камила разменуваат нежности.
Снимката првпат беше објавена во 1993 година, една година по разводот на Чарлс и Дијана.
Поранешниот прес-секретар на кралицата Елизабета Втора, Чарлс Енсон, тврди дека тогашната врска на Чарлс и Камила била нешто со што морало да се постапува деликатно.
„Чарлс секогаш беше иницијатор на нивната врска. Беше среќна што живее на село, со своите деца и ќе беше задоволна ако останеше негова љубовница. Но, за Чарлс немаше сомнеж за тоа, тој мораше да ја има“, вели Енсон.
Распадот на бракот на Чарлс и Дијана некогаш беше една од главните вести, а набргу по нејзината смрт, Чарлс и Камила почнаа постепено да се појавуваат заедно сè повеќе и повеќе во јавноста.
„Сè беше направено постепено, јавноста е свесна за фактот дека тие двајца се заедно“, рече Енсон.
Кралицата Елизабета не присуствуваше на свадбената церемонија, но присуствуваше на приемот во замокот Виндзор бидејќи наводно постоела загриженост дека толпата ќе фрли јајца кон зградата во која се одржала венчавката.
Камила, наводно поради почит кон Дијана, ја зела титулата војвотка од Корнвол, а не принцеза од Велс.
Се вели дека тие двајца со текот на времето доживеале значително зголемување на популарноста меѓу јавноста.
Енсон ја опишува нивната врска како „основа на британската монархија“.
„Тие се поддржуваат еден со друг. Нивното опкружување е прилично тешко за секого, но кралот и кралицата споделуваат добра смисла за хумор, делат добро и лошо“, рече Енсон.
Comments