КРАЛОТ НА ТЕНИСОТ СО ПОКЛОН ДО МАКЕДОНИЈА: ЃОКОВИЌ ИСПРАТИ МОЌНА ПОРАКА ЗА ЛИНА ЃОРЧЕСКА! 🇲🇰🎾
- Aleksandar Santovski
- Jun 29
- 1 min read
28.06.2026 Juni Nedela
Најдобриот на сите времиња уште еднаш покажа зошто е вистински великан, не само на теренот, туку и надвор од него.
Светскиот тениски ас од прес-конференцијата во Лондон упати јавни и искрени честитки до нашата најдобра тенисерка за нејзиниот историски пласман во главниот ждреб на Вимблдон.
Новак откри дека будно и со огромно внимание го следел нејзиниот квалификациски натпревар и потенцираше дека Лина испиша нова златна историја за македонскиот спорт.
Но, тоа не е сè што ги поврзува Новак и Македонија во овој момент.
Тој сподели дека во изминатиот период интензивно тренирал со уште една наша млада спортска надеж, Калин Ивановски.
Задоволен од соработката и талентот што го гледа кај нас, Ѓоковиќ откри уште една голема желба која набрзо планира да ја оствари.
Неговата цел е наскоро да дојде во Македонија и да организира голем тениски настан на кој ќе ги одмери силите токму со Лина и Калин пред македонската публика.
Како ја коментирате оваа огромна поддршка од најголемиот светски шампион за нашите спортисти и дали сме подготвени наскоро да го пречекаме во Скопје?
Фото: Инстаграм / Новак Ѓоковиќ






Comments