top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Кралот на валцерот“ Андре Риу повторно во Скопје

Холандскиот „крал на валцерот“ Андре Риу заедно со својот оркестар „Јохан Штраус”, на 23 ноември повторно ќе настапи во Скопје, соопшти продукцијата Пасворт.

Маестро Андре Риу македонската публика ќе има шанса да го чуе со сосема нова програма исполнета со филмски мелодии, мјузикли, опера и оперета, како и традиционална музика.

Како што е познато, Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. „Неговите настапи се многу повеќе од само музика – раскошни фустани, романтични светла и пространи платна зад оркестарот, заедно со бројни интернационални солисти и сето тоа зачинето со добар хумор“, ќе посочат од продукцијата. Риу се наоѓа на првото место на над 30 топ-листи, добитник е на 500 платинум награди, има продадено повеќе од 40 милиони ЦД и ДВД изданија, а „Њујорк тајмс“ го нарекува вистински „Маестро на публиката”.

Тој ќе настапи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.


1 view

Comments


bottom of page