Кралицата не можела да го поднесе Мик Џегер
Познат во светот како фронтмен на легендарните „Ролинг стоунс“, неговото официјално име е сер Мајкл Филип Џегер. Титулата, која му беше доделена во 2003 година, е можеби една од најконтроверзните витешки титули на векот. Многумина дебатираа дали номинацијата на легендарниот рокер е во согласност со традицијата на витештво. Еден жесток противник на назначувањето беше самата кралица. Во знак на пркос таа дури и одбила лично да го прогласи витез. Официјално го прогласија за витез во 2003 година и така Мик Џегер стана сер Мајкл Филип Џегер, но како и сè друго што прави фронтменот на „Стоунс“, таква е и неговата витешка титула – контроверзна. Не само што многу луѓе сметаа дека 75-годишниот вокал не ја заслужил оваа чест, туку и самата кралица не била присутна на церемонијата. Таа наводно одбила да биде дел од прославата. „Да се стане витез на кралицата е многу висока чест во Обединетото Кралство. Но, кога дошло редот на Мик Џегер, кралицата Елизабета Втора едноставно одбила лично да го прогласи бидејќи не можела да го поднесе“, пишува Кристофер Андерсен во биографијата за Џегер. А причина за ова била неговата врска со принцезата Маргарет, сестра на кралицата Елизабета, што се сметало за дрскост на бунтовничкиот рокер на „Стоунс“. „Сепак, во 2003 година тогашниот принц Чарлс официјално го прогласи Џегер за витез на церемонија во Бакингемската палата на голема фрустрација на кралицата. И на Кит Ричардс“. Ова се тврдења во биографијата ‘Дивиот живот и лудиот гениј на Џегер’ на авторот Кристофер Андерсен. Британски медиуми, од друга страна, потсетуваат дека твитот на Џегер по повод смртта на кралицата беше еден од најемотивните. „Целиот мој живот, Нејзиното Височество, кралицата Елизабета Втора, секогаш беше тука. Ја паметам од прекрасна млада жена до сакана баба на нацијата. Ја изразувам мојата најдлабока наклонетост кон кралското семејство“, напишал Џегер.
Opmerkingen