top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кралицата меѓу првите што ќе примат вакцина против Ковид-19, тврдат британски таблоиди

07.12.2020 Декември Понеделник Нема да има прескокнување на редот, но кралицата Елизабета Втора, наводно, ќе биде меѓу првите што ќе бидат вакцинирани како дел од меката кампања за да ги охрабри другите да го следат примерот, објавија денес британски таблоиди. Според „Сандеј тајмс“, кралицата и војводата од Единбург се очекува да бидат меѓу првите што ќе примат вакцина против коронавирусот. Весникот цитира извори блиски до кралското семејство, кои, наводно, рекле дека тоа е нејзина лична одлука, но се смета дека монархот сака да даде до знаење дека ја примиле вакцината. Јавната поддршка на кралицата ќе се смета за моќно спротивставување на движењето против вакцинацијата. Извор, кој зборувал за „Телеграф“, истакнал дека кралицата нема да оди преку ред и дека нејзината одлука е приватна работа бидејќи се работи за нејзино здравје. Кралицата (94) и принцот Филип (99), кои се изолираа во замокот Виндзор во поголемиот дел од годината, и минатата недела потврдија дека ќе го поминат Божик таму, ќе добијат вакцина во согласност со одлуката на владата. Вакциниарњето во Велика Британија почнува во вторник на 8 декември.


0 views

Comments


bottom of page