top of page

Кралицата лично ќе зборува со Хари и Меган за да поттикне мир

12.03.2021 mart petok

По многу шпекулации дали кралското семејство јавно ќе им се обрати на војводата и војвотката од Сасекс по интервјуто за Опра Винфри, Бакингемската палата во вторникот објави изјава во име на кралицата. Во пораката стои дека палатата ќе ги разгледа покренатите прашања, особено оние во врска со расизам. Палатата исто така нагласува сите прашања ќе бидат разгледани од кралското семејство приватно. А сега, објавено е дека кралицата планира да зборува со двојката лично, како гест на добра волја, објавија британски медими во четвртокот. Кралицата, наводно, ќе разговара со нејзиниот внук и неговата сопруга на телефон во текот на следните денови, бидејќи смета дека е време да заземе повеќе личен пристап. Таа дала строга наредба нa кралскиот персонал да не зборува јавно за ситуацијата. За време на нивното интервју, војводата и војвотката од Сасекс истакнаа дека нивната врска со бабата на принцот Хари останува силна.



 
 
 

Comentários


bottom of page