top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кралицата Камила се разболе и ги откажа планираните активности

06.11.2024 Noemvri Sreda

Кралицата Камила, сопруга на британскиот крал Чарлс Трети, морала да ги откаже планираните активности и ангажмани за оваа недела поради респираторна инфекција, објави Бакингемската палата.

77-годишната Камила закрепнува во својот дом, но не се откриени детали за нејзината болест, како што е вообичаено кога станува збор за болеста на членовите на кралското семејство.

„Нејзиното височество во моментот не се чувствува добро поради респираторна инфекција за која лекарите советуваа краток период на одмор и мирување“, изјави портпаролот на палатата.

„Со големо жалење Нејзиното Височество мораше да се повлече од ангажманот оваа недела, но таа искрено се надева дека ќе закрепне навреме за да присуствува на прославата на Денот на сеќавањето овој викенд“, додаде портпаролот.


0 views

Comments


bottom of page