Search
Кралицата Камила го слави својот 77. роденден
18.07.2024 juli Cetvrtok
Кралицата Камила денеска го слави својот 77. роденден. На официјалниот твитер-профил на кралското семејство тие ѝ посакаа среќен роденден на кралицата и споделија нејзина фотографија од балконот направена за време на нивното патување на островот Гернзи еден ден претходно.„Ѝ посакуваме среќен роденден на нејзиното височество, на кралицата!“, стои во објавата.
Тие споделија уште едно видео, во кое учениците од училиштето „Сарк“ ѝ пеат на кралицата. Децата ѝ пееле на островски дијалект, наведува Би-би-си.„Роденденските прослави почнаа рано во Гернзи…“, се вели во соопштението на кралското семејство.
Comments