top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кралицата има нова роза, која го носи името на покојниот сопруг

Updated: Jun 19, 2021

19.06.2021 Juni Sabota

Кралицата Елизабета Втора минатиот четврток му оддаде почит на својот покоен сопруг, принцот Филип, на денот кога тој требаше да го прослави својот 100-ти роденден, 10 јуни. Во чест на поводот кралицата доби роза што го носи неговото име. Цветот наречен „Војводата од Единбург“ беше подарок од кралското хортикултурно друштво, чија заштитничка е кралицата. „Сакаме да му оддадеме чест за сите чудесни работи што тој ги правеше во текот на својот живот“, рече претседателот на кралското хортикултурно друштво Цветот е опишан како „роза со длабоко розова боја испреплетена со бели линии и нежен мирис“. Додека кралицата набљудувала, цветот бил засаден во East Terrace Garden во нејзиниот дом во замокот Виндзор, каде што престојува по избувнувањето на пандемијата.




0 views

Comments


bottom of page