Кралицата Елизабета премногу слаба за прошетки со своите кучиња
- Aleksandar Santovski
- Mar 14, 2022
- 1 min read
Кралицата Елизабета Втора е премногу изнемоштена за да ги шета своите сакани корги низ замокот Виндзор во последните шест месеци, а некои упатени во палатата се сомневаат дека таа можеби никогаш повеќе нема да го прави тоа по неодамнешните здравствени проблеми. Кралски извор сподели: „Таа не е доволно добро за прошетки со своите миленичиња“. 95-годишната монархиња обично е во друштво на своите сакани корги во време на криза и стрес и ги носеше речиси секој ден надвор откако принцот Филип се разболе, а потоа почина минатата година. „Тие се огромен извор на утеха, па затоа е вистинска штета“. И покрај ова, кралицата сè уште сака да поминува време дома со нив. Во изјава за „Сан он сандеј“, кралскиот инсајдер рече: „Кучињата се во голема мера дел од животот во Виндзор“.


Comments