top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кралицата Елизабета под медицински надзор, лекарите загрижени

Кралицата Елизабета е под медицински надзор во Балморал откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата. „По прегледот утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението, пренесува Би-Би-Си. Според медиумот, најблиското семејство на кралицата е информирано. Соопштението доаѓа откако 96-годишната кралица вчера се повлече од виртуелниот таен совет, а лекарите ја советуваа да се одмори. Премиерката Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“ од веста. „Моите мисли и мислите на луѓето низ Обединетото Кралство се со нејзиното височество кралицата и нејзиното семејство“, рече Трас.


1 view

Comments


bottom of page