top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кралицата Елизабета Втора сподели една од нејзините омилени фотографии со принцот Филип

- 17 април, 2021 Sabota Во пресрет на погребот на принцот Филип, британската кралица Елизабета Втора сподели со јавноста една од нејзините омилени фотографии со нејзиниот сопруг, со кого беше во брак 73 години. На фотографијата се гледа како кралскиот пар се одмара на трева во Абердиншир во 2003 година, пренесува Би-Би-Си. На таа фотографија направена еден сончев ден, кралицата и принцот Филип изгледаат целосно опуштено и топло се насмевнуваат на својата снаа Софија која ги сликала. Погребот на принцот Филип, кој почина на 9 април, на 100-годишна возраст, ќе се одржи денес во замокот Виндзор. На погребот ќе можат да присуствуваат најмногу 30 лица во согласност со мерките против епидемијата на коронавирусот. Самиот принц Филип претходно изјави дека сака скромен погреб. На церемонијата, која ќе биде прикажана на телевизија, кралското семејство ќе се збогува со војводата од Единбург, кој беше во брак со „Лилибет“ која стана кралица во 1952 година.


1 view

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page