„Кралевите“ во нова акција: Уште една ѕвезда на Реал ќе добие нов договор
Шпанскиот великан Реал Мадрид постојано е активен и влече потези во изминатиов период во кој беа потврдени два засилувања Антонио Ридигер и Орелијан Чуамени, додека потпис на нов договор стави ветеранот Лука Модриќ.
Сега како што стојат работите Реал ќе затврори уште едно прашање и ќе ја продолжи соработката со играчот кој сезонава експлодираше под водство на Карло Анчелоти. Се работи за Винисиус Жуниор за кого медиумите од Шпанија пренесуваат дека ќе добие нов четиригодишен или петгодишен договор.
Двете страни пронашле заеднички јазик и се очекува во брзо време да биде објавено дека Бразилецот уште долго ќе го гледа не „Сантијаго Бернабеу“.
Винисус во моментов заработува по 3 милиони евра по сезона со што заедно со сонародникот Едер Милитао се меѓу најслабо платените играчи од првата екипа, ситуација која за брзо време ќе се промени.
Офанзивецот даде 22 гола и запиша 20 асистенции на 52 мечеви во минатата кампања.
Comments