Search
Крадци ги однеле месинганите плочи со ликот на Мајка Тереза од пред главниот влез на МОБ
Непознати крадци ноќеска ги однеле четирите плочи со ликот на Мајка Тереза од плоштадот кој го носи името на хуманитарката, поставени пред главниот влез на Националната опера и балет, соопшти полицијата.
Кражбата била забележана утрово.
„На 04.05.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 25.04.2023 пред главниот влез од Националната опера и балет во Скопје биле одземени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза“, се вели во полициското соопштение.
Месингот е атрактивен за крадците на секундарни суровини поради далеку повисоката цена од другите слични материјали – килограм од легурата на бакар и цинк чини од 120 до 140 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Comments