Кој ќе ја глуми Ејми Вајнхаус во биографскиот филм?
Се чини дека во последно време се актуелни биографиите за животите на големите уметници. По премиерата на филмот „Елвис“, со Остин Батлер, претстојната проекција на филмот „Блонд“ за Мерилин Монро, со Ана де Армас, и снимањето на биографскиот филм за Мадона со Џулија Гарнер, сега на ред е „Back to Black“, филм што ќе го раскаже животот на харизматичната уметница, која со кревкоста го освои светот – Ејми Вајнхаус.
На чело на филмот е Сем Тејлор-Џонсон, режисерот на „Педесет нијанси сиво“ и близок пријател на пејачката, која почина на 27-годишна возраст од последици од алкохолизам на 23 јули 2011 година. Иако во минатото таткото на Ејми Вајнхаус и неговиот агент изразуваа желба пејачката да ја глуми млада актерка, во последните неколку недели се размислува за повеќе познати имиња за улогата. Една од нив е Лејди Гага, чии пејачки и актерски способности би биле повеќе од доволни за да ја врати во живот авторката на песната „Rehab“.
Хероината на хитот „Ѕвездата е родена“, сепак, очигледно не е единствената што се натпреварува за толку посакуваната улога, напротив, во трка се Камила Кабело, Алекса Деми од серијата „Еуфорија“ и поранешната членка на „Фифт хармони“, Лорен Хауреги. Реално гледано, станува збор за дами со величествен талент, што ни дава надеж за создавање одличен филм, кој достојно ќе ги слави ликот и делото на Ејми Вајнхаус, чиј живот е веќе раскажан во документарниот филм од 2016 година награден со „оскар“, во режија на Асиф Кападија.
Comments