Кој ќе ги води фудбалерите на Македонија? Домашен стратег приоритет, дилема е договорот!
- Aleksandar Santovski
- Nov 20
- 1 min read
19.11.2025 Noemvri Sreda
Фудбалската репрезентација на Македонија во баражот за СП 2026 ќе има нов селектор. Договорот на Благоја Милевски нема да биде продолжен, а стапува на сила прашањето кој ќе го наследи на клупата.ФФМ веќе размислува за животот по Благоја Милевски. Домашни и странски тренери се во игра за најголемата позиција меѓу тренерите во националниот фудбал, но постои една голема дилема за иднината, таа е дали договорот да биде краткорочен за еден циклус, или долгорочен на повеќе години. Милевски изработи четиригодишен договор, а првичната желба е пак во иднина домашен тренер да го води тимот.
Причината за тој посакуван домашен избор е краткиот период за адаптација и запознавање со екипата. Во овој турбулентен период за националниот тим, јасно е дека потребен е човек кој добро ги познава приликите и играчите во нашата најдобра селекција, пред сѐ затоа што времето за подготовка на баражот и новото издание на Лигата на нациите е краток.
Поучени од минатото, странците не биле најдобар избор. Најголемите успеси на Македонија се со домашните тренери, а странските имиња претежно се губеле во лавиринтите додека се состави екипа за новиот циклус, па завршувале неславно. Кога ќе се согледаат сите работи, во моментов повеќе ризично е странец со долг договор, отколку домашен тренер. Но, секако дека и странец е опција, доколку е гаранција за успех и неговите барања кон ФФМ не се енормни.
Баражите за СП 2026 се играат во месец март, но очекувањата се новиот селектор да биде познат што побрзо.






Comments