top of page

Кој морон треба си да пукаш во воздух кога знаеш дека половина град е излезен надвор и гледа нагоре? - го искажа револтот Борче Стаменов хуманистот кој поправа и донира комјутери

03.01.2026 Januari Sabota

Борче Стаменов, хуманистот кој поправа и донира комјутери за деца од семејства во социјален ризик, е секогаш гласен за општествено важните теми и проблематики. 

По несреќата во која загина 2-годишно детенце од Скопје од залутано страно тело, тој аргументирано го искажа својот револт. 

„Така ли се мери машкост“ - праша тој. 

„Кој морон треба си да пукаш во воздух кога знаеш дека половина град е излезен надвор и гледа нагоре?“ - е клучното прашање кое го наметна Стаменов. 

- Починало детенцето кое беше погодено од "заскитан куршум". Многу жално, многу! Зошто секоаш треба да се случи трагедија за да се свестиме дека некои работи не треба да ги правиме? Кој морон треба си да пукаш во воздух кога знаеш дека половина град е излезен надвор и гледа нагоре? Нели учевте у школо за гравитација? Дека се шо оди нагоре, евентуално ќе падне доле на земја.

Вчера видов објава каде некој имаше напишано: немојте вечер да фрлате петарди, ги плашите овие шо немаат одено војска. И надолу еден куп хехенца и хахенца во знак на оправдување на експлозиите кои овие десетина се слушаат. Како да е тоа нешто нормално. Така ли се мери машкост? Еве ја иам одено војска. И иам доста пукано по обуки. И шо? Треба да ми е океј кога покрај мене експлодира петарда? Имам и тинитус кој понекогаш е толку гласен, да од обично крцање на врата подрипнувам. Можете да замислите шо ми прават силни звуци?

Вчера додека некој фрли петарда од тераса која пукна толку гласно да нозете ми се пресекоа. Нели сте читале што им прават звуците од петардите на домашните миленици? Некои умират од инфаркти. Нели сте читале што им прават на луѓето кои имаат аутизам или некоја друга состојба поради која самото пукање петарда може да им предизвика напади? Толку ли сте прости да не можете да се воздржите и да бидете цивилизирани? Дали воопшто ви е галје дека покрај вас, на светот постојат и други луѓе? Како уопште ви текнува на факинг нова година шо не е ни празник туку факинг обичен ден да извадите пиштол и да пукате нагоре? Амеби едни. - пишува Стаменов. 


 
 
 

Comments


bottom of page